ЕП У-20 Дивизија Б: Македонските кошаркари ја победија Словачка
- Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва ја победи соодветната селекција на Словачка со 81:64.
Скопје, 8 јули 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва ја победи соодветната селекција на Словачка со 81:64.
Ова беше натпревар од второто коло на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
Теодор Симиќ со 16 осум скока и три асистенции и Андреј Шошкиќ со 10 поени беа најефикасни во македоснкиот тим.
Избраниците на селекторот Никола Василев следните два дена се слободни, а во вторник ќе се соочат со Бугарија.
По два натпревара во А-групата, македонската репрезентација има три бода (една победа и еден пораз). зс/