• петок, 22 ноември 2024

ЕП: Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во шенген зоната

ЕП: Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во шенген зоната

Брисел, 8 јули 2021 (МИА) - Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, бидејќи ги исполниле условите. !„За“ приемот гласаа 505 гласа европратеници,  134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП.

Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП , но исто така се повика Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.

ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.

Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.

ЕП е загрижен за извештаите за мигрантите кои ги одбива граничната служба Фронтекс на надворешните граници на Шенген. ми/

Остани поврзан