• сабота, 21 декември 2024

Енрике: Целта на ПСЖ е до 1 јуни да ги освоиме сите трофеи

Енрике: Целта на ПСЖ е до 1 јуни да ги освоиме сите трофеи

Париз, 3 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по синоќешната победа над Стразбур (2:1) во натпреварот од 20. коло од францускиот фудбалски шампионат, зборуваше за амбициите задачите на Парижаните оваа сезона.

- Дали најдов начин како тимот да напредува? Полошо ќе биде во март, подобро во април, не толку добро во мај, најдобро во јуни. Целта е да се освојат сите трофеи до 1 јуни. Ете колку сме храбри, изјави Енрике за „L’Equipe“.

Пари Сен Жермен е прв на табелата во Лига 1 со освоени 47 бода на 20 натпревари.

Следни предизвици за тимот на Енрике се средбите со Брест во Купот на Франција на 7 февруари, а на 14 февруари е првиот дуел со Реал Сосиедад во плејофот на Лигата на шампионите.

ПСЖ е актуелен шампион на Франција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан