• сабота, 06 јули 2024

Енрике: ПСЖ по заминувањето на Мбапе треба да се гради околу Симонс

Енрике: ПСЖ по заминувањето на Мбапе треба да се гради околу Симонс

Париз, 2 април 2024 (МИА) - Чави Симонс би можел да стане важен играч за ПСЖ по заминувањето на Килијан Мбапе. Тренерот е импресиониран од неговиот настап за Лајпциг.

Според „Foot Mercato“, Луис Енрике планира сериозно да се потпре на Симонс по заминувањето на Килијан Мбапе. Тренерот на ПСЖ е импресиониран од играта на играчот од средниот ред, кој моментално настапува за Лајпциг како позајмен играч.

Енрике смета дека нападот на ПСЖ треба да се гради околу Симонс по заминувањето на Мбапе. Како и Луис Кампос, менаџерот сака играчот да се врати во ПСЖ на лето.

Дваесетгодишниот офанзивен играч за врска оваа сезона постигна девет гола и 11 асистенции на 37 натпревари за бундеслигашот во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан