• понеделник, 23 декември 2024

Енрике Иглесијас и Рики Мартин најавија заедничка турнеја

Енрике Иглесијас и Рики Мартин најавија заедничка турнеја
Лос Анџелес, 5 март 2020 (МИА) - Енрике Иглесијас и Рики Мартин беа меѓу првите што ја издигнаа шпанско-јазичната поп-култура во светски феномен. За годинава, поточно за наесен тие двајца најавија заедничка турнеја низ Северна Америка. Колумбискиот Греми-номиниран пејач Себастијан Јатра ќе настапи како најавувач на концертите. Турнејата започнува на 5 септември во Феникс, а ќе ги опфати и Хјустон, Лос Анџелес, Торонто, Монтреал, Њујорк, Мајами и многу други градови во САД и Канада. Ќе заврши на 30 октомври во Атланта. Билетите се пуштени во продажба денеска. си/

Остани поврзан