• петок, 22 ноември 2024

Ен-би-си емитуваше дел од интервјуто со Путин

Ен-би-си емитуваше дел од интервјуто со Путин
Вашингтон, 13 јуни 2021 (МИА) - Американската телевизија Ен-би-си њуз синоќа емитуваше дел од интервјуто со претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа е прво негово интервју за американски медиум после три години. Меѓудругото, тој ја коментираше согласноста на претседателот на САД, Џо Бајден, дека Путин е „убиец“. Новинарот на Ен-би-си, Кеир Симонс, го потсети рускиот претседател за позицијата на Бајден, но и за сличните позиции на уште двајца американски политичари. - Сенаторот Џон Меккејн во една прилика кажа дека сте убиец, претседателот Доналд Трамп не порекна кога беше прашан истото. Претседаетлот Бајден на ова прашање одговори потврдно. Господине претседател, дали сте вие убиец, праша Симонс. Путин на ова одговори дека за време на извршувањето на функциите се навикнал на напади од разни страни. - Сум бил напаѓан од разни страни, разни области под разни предлози. И не ме изненадува. Што се однесува до острата реторика, тоа е израз на општата култура на САД, искоментира Путин. Симонс потоа именуваше неколку политичари и активисти кои загинале додека Путин е на власт: Ана Политковскаја, Борис Немцов, Александар Литвиненко, Михаил Лесин. Новинарот праша дали тие убиства се коинциденција. - Не сакам да бидам груб, но ова ми личи на некакво неварење на желудникот, неварење од глаголење. Спомнавте луѓе кои навистина загинале во различно време и од разни причини од рацете на различни лица. Ние ги најдовме сторителите на тие злодела, некои од нив се во затвор, и сме подготвени да продолжима со работа во тој правец, наведе Путин. Целсоното интервју на Ен-би-си њуз ќе биде прикажано утревечер. Разговорот се случува на неколку денови пред средбата на рускиот претседател со Бајден закажана за 16 јуни во Женева. Американскиот претседател за време на интервју во март на прашањето на новинар на Еј-би-си дали тој смета дека Путин е убиец, одговори „хмм, да сметам“. Од Белата куќа синоќа соопштија дека по средбата со Путин, Бајден планира да оддржи самостен брифинг за новинарите. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан