• понеделник, 23 декември 2024

Емре Џан: Сари никогаш не ми даде шанса

Емре Џан: Сари никогаш не ми даде шанса
Дортмунд, 19 април 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Џан, се пожали дека главниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, не му верува. Фудбалерот од средниот ред се пресели во Борусија од Јувентус во јануари. - Сари никогаш не ми даде шанса, па имав некои навистина тешки моменти. Бев важен дел од тимот една година порано, го освоивме италијанскиот шампионат, одигравме добро во ЛШ. Но, во секој случај, Јувентус ќе остане прекрасно поглавје во мојата кариера, изјави Џан. Тој во Јувентус дојде во 2018 година од Ливерпул. Одигра 45 натпревари за тимот од Торино, постигна четири гола и направи една асистенција. зс/

Остани поврзан