• среда, 29 мај 2024

Ембид приходот од „Ол-стар“ ќе го донира во засолништа за бездомници

Ембид приходот од „Ол-стар“ ќе го донира во засолништа за бездомници
Атланта, 6 март 2021 (МИА) - Центарот Филаделфија, Џоел Ембиид ќе ги донира 100.000 американски долари што ќе ги добие за учество на „Ол-стар“ натпреварот во НБА. Парите ќе бидат поделени на три засолништа за бездомници во Филаделфија, се вели во извештајот на „ Bleacher Report“. Ембид ќе игра на Ол-стар натпреварот по четврти пат. Оваа година, 26-годишниот центар ќе биде во почетната петорка во тимот на Кевин Дурант. Оваа сезона, Камерунецот има просек од 30,2 поени, 11,6 скока и 3,3 асистенции по натпревар. „Ол-стар“ натпреварот ќе се одржи во Атланта ноќта меѓу недела и понеделник. зс/

Остани поврзан