Ема Радукану е ново лице на „Диор“
- Тинејџерката ќе ја претставува колекцијата женска облека на француската луксузна модна куќа, како и козметички линии. Ема беше присутна на премиерата на филмот „Џејмс Бонд: Не е време за умир
![Ема Радукану е ново лице на „Диор“](https://new.mia.mk/images/20221108205003_big_730x400_96.webp )
Лондон, 21 октомври 2021 (МИА) - Младата британска тениска ѕвезда Ема Радукану стана ново заштитно лице на модната компанија „Диор“, нешто повеќе од еден месец по победата на „Ју-ес опен“.
Тинејџерката ќе ја претставува колекцијата женска облека на француската луксузна модна куќа, како и козметички линии. Ема беше присутна на премиерата на филмот „Џејмс Бонд: Не е време за умирање“ во септември, и притоа облече фустан дизајниран од креативната директорка на „Диор“ - Марија Грација Чијури за колекцијата за 2022 година.
Радукану го привлече вниманието со одличниот настап на овогодишниот Вимблдон во текот на летото, и го шокираше тенискиот свет со победата на „Ју-ес опен“, кога ја победи една година постарата Канаѓанка Лејла Фернандез. Ема стана првата квалификантка која освоила гренд-слем титула. си/сд/
![](/articles/images/%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%83%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%83-%d/NtHdE96v3/placeholder.webp?use_watermark=0)