• сабота, 23 ноември 2024

Елизабета Втора презира остриги

Елизабета Втора презира остриги
Лондон, 4 октомври 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора, просто, мрази остриги и, строго е забрането тие да се служат во нејзино присуство. Ова го открива готвачот Чарлс Оливер, еден од долгогодишните вработени во служба на Нејзиното Височество. Нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип имал слична одбивност кон оваа морска храна. Секој нов вработен во кујната на Бакингемската палата мора да биде обучен за храната што не  ѝ се допаѓа на кралицата и никогаш не треба да се стави на кралската трпеза. Според наводите, кралицата тешко може и да се нарече гурманка, бидејќи ги претпочитала истите јадења што со години ги нарачувала од своите готвачи. Готвачот, кој работел во кујната во Бакингамската палата повеќе од 15 години, вели дека принцот Филип сакал да пробува и нешто ново, но „таа секогаш подробно го проучува рецептот“ пред да се согласи за нов деликатес. Од друга страна пак, кралицата има голема слабост кон чоколадото... Нејзиното Височество секогаш лесно ја дава својата согласност за слатки на коишто се додава какао и нејзиното омилено, темно чоколадо.  си/ссм/

Остани поврзан