Елизабета Втора лансира свој бренд на џин
- Напивката, наречена „Sandringham Celebration Gin“, се произведува во дестилерија на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри, едно за 50 фунти.
Лондон, 24 ноември 2020 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора отпочна свое сопствено производство и продажба на џин, пренесува „Дејли Мејл“.
Напивката, наречена „Sandringham Celebration Gin“, се произведува во дестилерија на имотот на кралицата во северен Норфолк. Ќе се продава во шишиња од 500 милилитри - едно за 50 фунти.
Според порталот, џинот е еден од омилените алкохолни пијалаци на Елизабета Втора.
А, ова е трет бренд алкохол, што произлегол од кралското семејство. Бакингамската палата во јули го претстави џинот „Royal Collection Trust“, а неколку месеци подоцна, синот на кралицата - принцот Чарлс го пушти напитокот „Highgrove“ во продажба. си/сд/