• понеделник, 23 декември 2024

ЕК го осудува одбивањето на Северна Македонија да го прими европратеникот Андреј Ковачев на нејзина територија

ЕК го осудува одбивањето на Северна Македонија да го прими европратеникот Андреј Ковачев на нејзина територија

Софија, 8 мај 2023 - Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеј го осуди одбивањето на властите во Република Северна Македонија да му дозволат влез на европратеникот Андреј Ковачев на нивна територија

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.  

„Го осудуваме одбивањето да се пушти Ковачев во Северна Македонија на 6 мај“, напиша Вархеј на Твитер. „Ја повикуваме Владата во Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата“, вели тој.

„Одбивањето да се прими европратеник е многу сериозна одлука“, додава еврокомесарот.

  _________________________________________________________________________ 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан