• петок, 05 декември 2025

Еко акција на Тиквешко Езеро, во Кавадарци одбележан Светски ден на животна средина

Еко акција на Тиквешко Езеро, во Кавадарци одбележан Светски ден на животна средина

Кавадарци, 5 јуни 2025 (МИА) - Со еколошка акција, чистење на отпад од брегот на Тиквешко Езеро, екологистите од еколошкото друштво ,,Еко - живот", го одбележаа Светскиот ден на животната средина. 

- Учествуваа еко активисти од нашето регионално еколошко друштво,  заинтересирани љубители на природата, ученици од основните општински  училишта  ,,Димката Ангелов Габерот", ,,Страшо Пинџур" и средното стручно општинско училиште ,,Киро Спанџов-Брко". Ги повикавме и сите сопственици на викендици во тој регион, кои секојдневно ја користат благосостојбата од Тиквешкото езеро, да ни се придружат на акцијата, појаснија од ,,Еко -живот". 

Притоа беше истакната голема благодарност до учесниците кои  помогнаа да се одржи денешната активност, како и за големата поддршка од страна на ,,Ми комерц" и ,,Кожувчанка".свд/дма/


Фото : Фејсбук на ,,Еко - живот"

Остани поврзан