• петок, 05 декември 2025

Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле

Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања - Козле ќе се реализира денеска во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност.

Акцијата, како што се наведува во соопштението на организаторот, има цел да придонесе кон уредување и разубавување на просторот околу болницата, како и да ја подигне свеста за значењето на заштитата на животната средина и заедничката грижа за јавните површини.

Во активноста, се додава во соопштението, ќе учествуваат членки и волонтерки на Сојузот, претставници од партнерски организации и граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за поздрава и позелена заедница. ац/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан