• понеделник, 23 декември 2024

,,Ековита" ќе обучува лица од старски дом и претставници на субјект од Косово за производство на печурки

,,Ековита
Неготино, 12 март 2023 (МИА) - Здружението ,,Ековита" од Неготино ќе обучува лица од старски дом од една македонска општина и претставници на субјект од Косово, за производство на печурки. Како што информираше денеска за МИА, Кристина Тодорова,  претставник на ,,Ековита", станува збор за производство на печурки буковки, нешто со што ова регионално еколошко здружение, се бави со години наназад. 
 
- Производството на печурки, за корисниците на услугите на старски дом, претставува своевидна работна терапија, покрај активностите за здраво стареење. Тие ќе произведуваат печурки буковки, со цел да се активираат, рекреираат, а и да уживаат во сопствено произведената храна, појасни Тодорова. 
 
 Таа додаде дека истовремено, во рамките на проектот ,,Mushroom network, поддржан од Центар за социјални претпријатија,  оддржале работна средба со Botanic-IIc од Косово, за давање совети за одгледување печурки и воспоставување на соработка.
 
- Очекуваме на крајот на месецот претставници од Botanic-IIc да не посетат и да присуствуваат на практична обука што ќе се одржи во руралната канцеларија во неготинското село Вешје, соопшти Тодорова.
 
Од „Ековита" нагласија дека обуките ќе стартуваат со производство на буковка, а ќе продолжат и со други видови печурки, особено медицински, реиши и шитаки. свд/вг/
 
 
Фото : ,,Ековита"

Остани поврзан