• понеделник, 23 декември 2024

Еко-акција на Телеком за позелени и почисти урбани средини

Еко-акција на Телеком за позелени и почисти урбани средини
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Волонтери од Македонски Телеком пошумуваа и расчитуваа отпад во Скопје во рамките на еко-ацијата за заштита на животната средина со која го одбележаа Денот на планетата Земја- 22 април. Како што информираат од Македонски Телеком, со акцијата во соработка со Пакомак, го расчистиле отпадот на детско игралиште во општината Аеродром и се посадиле 100 нови дрвца. Дополнуваат дека заштитата на животната средина е дел од стратегијата на Телеком, кој што учествува во решавање на еколошките предизвици. - Во овие активности компанијата активно ги вклучува вработените, а спроведува и кампањи со кои се поттикнува вклучување на корисниците коишто можат да дадат значаен придонес. Во тек е кампања за рециклирање електронски отпад, за што корисниците добиваат еко-попуст за купување нов 5G смартфон и учествуваат во акцијата за пошумување на опожарените региони, во која Телеком најави садење 1 000 дрвја за секои 1 000 вратени стари уреди, наведуваат од Телеком. ар/лв/

Остани поврзан