• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Екоакција за собирање текстилен отпад во Општина Аеродром 

Екоакција за собирање текстилен отпад во Општина Аеродром 

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.

Првиот дел од оваа акција започнува утре. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:

-       ООУ „Лазо Ангеловски“

-       ЈДГОА „Срничка“ (главен објект) 

-       ООУ „Љубен Лапе“

-       ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)

-       ООУ „Браќа Миладиновци“

-       Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“)

Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.

Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени. сст/дма/

 

Фото Општина Аеродром

Остани поврзан