• петок, 12 јули 2024

Екипа на кумановската противпожарна единица учествува во гасењето на пожарот во фабриката во Tетовско

Екипа на кумановската противпожарна единица учествува во гасењето на пожарот во фабриката во Tетовско

Куманово, 22 ноември 2023 (МИА) - Екипа на кумановската противпожарна единица учествува во гасењето на пожарот во Tетовско, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица.

- На барање на колегите на тетовската противпожарна единица и на Центарот за управување со кризи испративме екипа од кумановската противпожарна единица да помогне во гасењето на пожарот во фабрика, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

На терен е едно противпожарно возило и петмина пожарникари.

Пожарот во фабриката за бои и лакови во тетовското Фалише избувнал утринава околу 10:30 часот. Покрај тетовските, во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес. ам/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан