• петок, 05 декември 2025

Езе четврти фудбалер кој постигнал хет-трик во дербито меѓу Арсенал и Тотенхем

Езе четврти фудбалер кој постигнал хет-трик во дербито меѓу Арсенал и Тотенхем

Лондон, 23 ноември 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Еберечи Езе, постигна три гола во победата од 4-1 над Тотенхем вечерва во 12. коло од англиската Премиер лига.

Дваесет и седумгодишниот играч од средниот ред го постигна четвртиот хет-трик во официјалните натпревари помеѓу клубовите од Северен Лондон. 

Претходно, Тед Дрејк (за Арсенал во 1934 година), Тери Дајсон (за Тотенхем во 1961 година) и Алан Сандерленд (за Арсенал во 1978 година) постигнаа три гола во дербито.

Арсенал има 29 бода и е лидер на табелата на англиската Премиер лига. Тотенхем е на деветтото место со 18 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан