• понеделник, 23 декември 2024

Едномесечна забрана за движење на дел од планината Бистра

Едномесечна забрана за движење на дел од планината Бистра
Гостивар, 21 октомври 2022 (МИА) - Националниот парк „Маврово“ воведе едномесечна забрана за движење на посетители по делови од планината Бистра. Ограниченото движење е заради спроведување планирани активности. Управата на НП „Маврово“ со соопштение до јавноста посочи дека забраната за движење на посетители се однесува на локалитетите Карбула, Меденица, Говедарник, Голем Брзовец, Мал Брзовец и Ќурков Дол. - Се забранува движење на посетители во периодот од 21 октомври 2022 до 20 ноември 2022 година. Во наведениот период управата на паркот има обврска да спроведе планирани активности според планирани документи, стои во известувањето. Од НП „Маврово“ упатуваат апел за доследно почитување на забраната и наведуваат дека оваа мерка е во согласност со управувањето со строго заштитени подрачја која предвидува ограничувања или посетителите да имаат посебна дозвола за движење. згм/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан