• недела, 22 декември 2024

Еден од најстарите Американци почина на 110 години, неговиот мозок даруван за научни цели

Еден од најстарите Американци почина на 110 години, неговиот мозок даруван за научни цели

Лос Анџелес, 14 јyни 2024 (МИА) - Мори Марков почина на 3 јуни, во својот втор дом - Лос Анџелес, САД, нa 110-годишна возраст. И, тoa бил дoстa исполнет живот... „Секогаш љубопитен“, вели неговата ќерка Јудит Хансен. Сега научниците ќе го проучуваат неговиот мозок.

Роден во Њујорк, од родители - еврејски имигранти, Марков ​​имал само основно образование, но сепак, вели - човек учи додека е жив. Се преселил на американскиот Запад, се оженил со Бети во 1938 година и почнал свој бизнис. За време на своите 81 година брак, семејството Марков ​​израснало две деца, патувале низ светот (Мексико, Кина, Јапонија и тогашниот СССР) и пешачеле по пет километри дневно заедно до нивното деветто деселетие, пред Бети да почине во 2019 година на 103 години.

Според Хансен, умот на Марков ​​бил сосем уникатно нешто.

- Тој вајаше. „Блогираше“. Напиша и книга на 99-годишна возраст. Цел живот ја негуваше својата вродена интелектуална љубопитност, откривајќи и нурнувајќи во „Википедија“ и сета таа огромна продавница на информации, вели неговата ќерка.

И сега, благодарение на неговото семејство, мозокот на Марков ​​ќе биде проучуван од научниците кои сакаат да дознаат повеќе за процесот на стареење - и зошто кај некои луѓе се јавува деменција и умствен пад, а други како Марков - остануваат остроумни до крај. Неговата ќерка вели дека менталната активност е клуч за долговечност. Тиш Хевел, извршен директор на проектот за дарители на мозок за науката, смета дека ова е корисно за науката, но и за луѓето кои во иднина би страдале од Паркинсонова болест, Алцхајмерова, невродегенеративни состојби итн.

Проектот за дарување мозок за научни цели e идeja на Американскиот национален институт за здравје „Неуробиобанк“ којшто работи со избрана група истражувачки установи со цел научни испитувања.  си/

Фото: Интернет, фотоисечок

Остани поврзан