Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
- На територија на државата регистрирани се девет пожари на отворен простор од кои активен е само пожарот кај селото Стровија кај местото викано Гајдарец-Клепало во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - На територија на државата регистрирани се девет пожари на отворен простор од кои активен е само пожарот кај селото Стровија кај местото викано Гајдарец-Клепало во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, под контрола е еден пожар, а седум се изгаснати.
Под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна. Таму гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. бак/
Фото: МИА архива