• петок, 22 ноември 2024

Египетските власти најавија уште едно големо археолошко откритие

Египетските власти најавија уште едно големо археолошко откритие
Каиро, 11 ноември 2020 (МИА) - Египетското Министерство за туризам и антиквитети денес објави дека го имаат откритието на годината. Претставувањето следува деновиве, и тоа ќе опфаќа вкупно 100 насликани саркофази во добра состојба, стари околу 2.600 години. - Ова денес не е крај на овие истражувања, туку, ми се чини - почеток, рече Калед ел Енани, министер за туризам и антиквитети. Археолозите кои ја истражуваат некрополата Сакара кај Каиро велат дека на почетокот на октомври пронашле 59 ковчези заедно со дрвени статуи и златни маски. Поголемиот дел од саркофазите имаат слики со човечки ликови.  Наоѓалиштето е познато како Подземен град на мртвите. Всушност, се работи за гробница. Многу од сандаците сè уште содржат тела на луѓе кои биле закопани внатре. На ова место има најмалку 11 пирамиди, вклучувајќи ја и скалестата пирамида на фараонот Јосер, како и други наоди од времето на Првата династија до коптскиот период. си/

Остани поврзан