Египетскиот министер за надворешни работи ја потврди цврстата позиција на Каиро за поддршка на сириската државност и суверенитет
- Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати ја потврди цврстата позиција на Каиро за поддршка на Сирија, нејзиниот суверенитет, единство и територијален интегритет, нагласувајќи ја фундаменталната важност за заштита на цивилното население, пренесоа египетските медиуми.
Каиро, 4 декември 2024 (МИА) - Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати ја потврди цврстата позиција на Каиро за поддршка на Сирија, нејзиниот суверенитет, единство и територијален интегритет, нагласувајќи ја фундаменталната важност за заштита на цивилното население, пренесоа египетските медиуми.
Во текот на денешниот телефонски разговор на иницијатива на сирискиот министер за надворешни работи Басам Сабаг, двете страни разговараа за последните случувања во северниот дел на Сирија.
Двете страни разговараа и за тешките последици од овие настани врз безбедноста и стабилноста на Сирија и на целиот регион. мс/
фото: Википедија