• понеделник, 15 јули 2024

ЕВРО2024: Шпанија убедлива против Хрватска, Јамал испиша историја

ЕВРО2024: Шпанија убедлива против Хрватска, Јамал испиша историја

 

Берлин, 15 јуни 2024 (МИА) – Шпанија со победа го почна настапот на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Берлин триумфираше убедливо над Хрватска со 3-0 (3-0) во натпревар од првото коло во Групата Б

Шпанските фудбалери до победата дојдоа со голови во првото полувреме во кое ги искористија сите грешки во хрватската одбрана,

Капитенот Мората го отвори резултатот во 29 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Руиз. Во последната минута од првото полувреме на 3-0 зголеми Карвахал.

Хрватска во 80 минута не успеа да реализира пенал преку Петковиќ.

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, се најде во почетниот состав на Шпанија и со 16 години и 338 денови стана најмладиот фудбалер кој настапил на Европско првенство.

Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат бранителот на титулата Италија и Албанија. Натпреварот во Дортмунд започнува во 21 часот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан