• понеделник, 23 декември 2024

ЕВРО 2020: Неколку навивачи беа повредени од слетувањето на падобран пред натпреварот Германија – Франција

ЕВРО 2020: Неколку навивачи беа повредени од слетувањето на падобран пред натпреварот Германија – Франција
Минхен, 16 јуни 2021 (МИА) - Пред почетокот на натпреварот на Европското првенство помеѓу репрезентациите на Франција и Германија во Минхен, падобран слета на теренот. Активист на меѓународното еколошко здружение „Гринпис“ прелета по долниот степен на трибината и потоа слета на тревникот. Според „Вашингтон пост“, по неговото неуспешно слетување, дел од остатоците на монтираниот фотоапарат „пајак“ ги повредиле гледачите на трибините, за што морале да побараат лекарска помош. Падобранот носеше транспарент: „Откажете се од нафтата. Зелен мир". Активистот веднаш беше уапсен. Натпреварот го доби Франција со 1:0. зс/

Остани поврзан