• петок, 19 јули 2024

ЕВРО 2020: Лорис го разбира стравот на противниците од триото Бензема-Гризман-Мбапе

ЕВРО 2020: Лорис го разбира стравот на противниците од триото Бензема-Гризман-Мбапе
Минхен, 15 јуни 2021 (МИА) - Капитенот на француската фудбалска репрезентација Уго Лорис проговори за претстојниот натпревар на ЕВРО 2020 со германскиот тим. - Имам добри и лоши спомени од натпреварите помеѓу Франција и Германија. Ова е класична конфронтација на европско и глобално ниво. Важен натпревар, бидејќи ова е првото коло во групата. Триото Бензема-Гризман-Мбапе? Ова се врвни играчи кои покажаа стабилност низ годините. Како прво, Антоан и Карим, бидејќи Килијан е сè уште многу млад, дури и ако веќе има постигнато многу. Разбирам зошто нашите противници се плашат од ова трио, изјави Лорис. Натпреварот Франција – Германија ќе се одигра вечер во Минхен со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан