• понеделник, 23 декември 2024

Евротинк со презентација на Локалната младинска стратегија на Општина Бутел 2023 – 2028 година

Евротинк со презентација на Локалната младинска стратегија на Општина Бутел 2023 – 2028 година

Скопје, 24 јули 2023 (МИА) - Центарот за европски стратегии Евротинк – Скопје вечер со почеток во 18 часот, во просториите на Општина Бутел ќе ја одржи презентацијата на Локалната младинска стратегија на Општина Бутел 2023 – 2028 година. Тоа е и завршниот настан во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“.

- Настанот ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани, а ќе бидат присутни сите засегнати страни кои на директен или индиректен начин учествуваа во реализацијата на Стратегијата, како и на активностите и целите на проектот „Општина Бутел, отворена за младите“, велат од Евротинк.

Проектот започна со спроведување на 1 септември 2022 година, а е финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА. сх/мд/

Фото: Еуротинк

Остани поврзан