• недела, 22 декември 2024

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

18 јануари 2024 

Одлуката на Судскиот совет, Беса Адеми да остане претседател на Врховниот суд е силен удар за ДУИ и надеж за граѓаните и правдата во државата.

Свесни сме дека ваквата одлука следи благодарение на тоа што во државата има достоинствени судии кои ја сакаат правдата и покрај огромниот притисок од власта. И како резултат на острата реакција на меѓународниот фактор, но и реакцијата на албанската опозиција.

Европскиот сојуз за промени им се заблагодарува на сите дипломатски претставници во нашата земја, кои јавно реагираа против барањето за разрешување на шефицата на Судскиот совет, Беса Адеми, но и на нивната заложба дека правдата надвладее во Северна Македонија.

Денеска не успеаја само партиите од власта, нивните судии и оние функционери кои континуирано бараат да го вратат Груевски во Северна Македонија, застарувајќи ги неговите случаи и непрестајно работејќи за спас на Сашо Мијалков.

Европски сојуз за променa

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

фото: МИА архива 

Остани поврзан