• понеделник, 23 декември 2024

Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата 

Европските либерали меѓу идеологијата и борбата за задржување на позицијата 

Брисел, 18 февруари 2024 (МИА) – Групата на либералните и центристички партии со децении беше трета политичка сила во Европскиот парламент, но според најновите анкети на јавното мислење по европските избори во јуни таа не само што ќе го загуби третото место од екстремно десничарската Идентитет и демократија (ИД), туку е можно да биде помалобројна и од групацијата на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) и да биде петта по бројност. 

Либералната група во ЕП, „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) веќе се соочува со внатрешни разидувања, особено околу прашања поврзана со зелена транзиција, пред се меѓу европратениците од германската Слободна демократска партија (ФДП) и Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. Така, француските европратеници ја обвинуваат ФДП дека е „премногу конзервативна“ во однос на еколошките прашања, додека Германците сметаат дека некои членови на Ренесанса се „премногу зелени“. 

Дополнителна причина за внатрешни несогласувања е и членството на Алијансата на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, чии ставови се многу поблиски до оние на конзервативните партии, отколку на вредностите на либералите. Сепак, дел од членките на „ Да ја обновиме Европа“ се за задржување на АНО во групата, имајќи предвид дека таа би можела да и донесе „неколку важни мандати“ на претстојните европски избори. Според анкетите, АНО би можела да освои шест до седум европратеници и со тоа да биде една од побројните партии во рамките на РЕ.  

Бабиш, кој е еден од најбогатите луѓе во Чешка и сопственик на фирми во агрохемискиот и медиумскиот сектор, се вклучи во политиката во 2011 година формирајќи ја популистичката партијата АНО, чија изборна програма се базираше на платформа за справување со корупцијата  и која потоа се приклучи на Алијансата на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ), која е дел од групата „Да ја обновиме Европа“ во ЕП. Во 2017 година Бабиш стана чешки премиер, а од редовите на неговата партија е и актуелната потпретседателка на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова.  

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент, во која се бара спречување на судир на интереси при користењето европски фондови и побара тој да не учествува во п

Но, по напуштањето на премиерската функција во 2021 година, реториката на Бабиш стана поконзервативна, популистичка и антиевропска. Тој минатиот месец дури ја обвини Европската комисија дека ги користи фондовите на ЕУ за да влијае врз исходот од изборите во земјите членки на Унијата. 

Лани во јануари чешки Суд го ослободи од обвинувањата за злоупотреба на субвенции од ЕУ, но тој и натаму е под истрага на француските власти за наводите за затајување данок и перење пари, што тој ги отфрла. 

Ваквото „свртување на Бабиш в десно“ резултираше со преполовување на бројот на европратеници на АНО. Две европратенички на АНО избрани во 2019 година ја напуштија партијата и дејствуваат како независни во рамките на РЕ, додека трета премина во редовите на чешката партија Социјалдемократија (СД), членка на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи.

Дел од партијата на Бабиш остана само тројца европратеници, кои не ретко гласаа поинаку од ставот на РЕ. Тие тројца беа единствените европратеници од либералната група кои се изјаснија против Стратегија на ЕУ за еднаквост на припадниците на ЛГБТИК+ заедницата за периодот 2020-2025 година, а двајца од нив гласаа и против замрзнување на средствата од европските фондови за Унгарија, одлука која ја поддржа РЕ. 

Извори на РЕ посочуваат дека групата е посветена на спротивставување на деструктивното однесување на популистите и екстремните националисти во Европа кои поттикнуваат поделби и отфрла соработка со сите политички актери и групи кои не ги почитуваат основните вредности на ЕУ и принципите на демократското владеење. 

Се очекува делегацијата да работи на следење и анализа на прашањата поврзани со владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи.

Според истите извори, исклучувањето на партија од групата е „чувствително прашање“, а во случајот на АНО за евентуална таква постапка прво треба да решава АЛДЕ, чија членка е партијата на Бабиш. 

Извори од АЛДЕ, пак, велат дека во оваа европска политичка партија засега не се размислува за исклучување на АНО. Тие посочуваат дека немаат никаква проблеми со претставниците или европратениците од АНО, но некои изјави на Бабиш „се проблематични“, поради што „ситуацијата редовно се следи и проценува“. 

АЛДЕ лани во мај во Прага испрати „мисија за утврдување на фактите“, со цел да провери дали АНО е доследна на основните либерални вредности, но таа беше прекината во септември поради, како што беше образложено, „протекување на информации во медиумите“. 

Според правилата на РЕ, една партија би можела да биде исклучена од групата доколку „во каква било форма учествува во владини коалиции на национално ниво со екстремната десница“. 

Поради ова правило, кон шведската партија Либерали беа воведени санкции од страна на РЕ, откако во октомври 2022 година формира малцинска Влада со конзервативците и демохристијаните со поддршка на екстремно десничарската партија Шведски демократи. Партијата не беше исклучена од РЕ и нејзината единствена европратеничка Карин Карлбро остана дел од либералната пратеничка група, но шведските либерали беа санкционирани со забрана за учество на настани во организација на „Да ја обновиме Европа“. сп/

Фото: Да ја обновиме Европа/МИА Архива

Остани поврзан