• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите

Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите

Тетово, 1 јуни 2024 (МИА) - Во Тетово коалицијата „Европски фронт“ усвои политичка декларација за етнички изборен легитимитет за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.  

Декларацијата ја потпишаа сите партии кои го сочуваат „Европски фронт“ Демократска унија за интеграција, Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите - УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз.

По обраќањето на сите лидери на партиите, декларацијата ја прочита претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по што со кревање рака едногласно беше усвоена. Декларацијата на сцената од Центарот за култура во Тетово ја потпишаа лидерите на партиите, по што тоа може да го направат во фоајето и другите партиски функционери.

Во образложението на декларацијата беше посочено дека случувањата и чекорите по парламентарните и претседателските избори на 8 мај 2024 година го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор. Според нив, резултат на тоа е враќаме на познатата политика „раздели па владеј“.

„Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Северна Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат. Ја наведуваме неопходноста од спроведување на консензуалната демократија во согласност со духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Северна Македонија. Повторуваме дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници, изразени на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки. Затоа, демократијата кај нас може да биде функционална и стабилна само кога мнозинската заедница ги почитува легитимните претставници на политичката волја на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници, се наведува во декларацијата.

Според Ахмети, кој ја прочита декларацијата, консензуалната демократија значи организирање на заедниците во политички партии и учество на избори за стекнување на легитимитетот на нивните сонародници и оваа волја на нашите заедници, затоа, мора да се почитува од страна на мандатарот.

-Непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите. Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно. Ние, домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смееме да дозволиме враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетот на суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот, се истакнува во Политичката декларација на Европскиот Фронт, се наведува во декларацијата. ас/вј/

Фото: Европски фронт 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан