• среда, 03 јули 2024

„Европска недела на спортот“ во Куманово

„Европска недела на спортот“ во Куманово

Куманово, 20 септември 2023 (МИА) - Во Куманово по шести пат се одржа традиционалниот спортски настан во рамки на проектот „Европска недела на спортот“, информираа од општина Куманово. Настанот се одржа на спортските терени на основното „Крсте Мисирков“.

- Активностите се во организација на Агенција за млади и спорт, во соработка со општина Куманово и општински сојуз на училиштен спорт, финансирани од Европската унија. Учествуваа околу 150 ученици од петто одделение од ова училиште, спроведувајќи активности на полигони и штафетни игри, велат од општината.

Главна цел на проектот е креирање можности и погодна средина на локално ниво, која овозможува активност преку спортско-рекреативни игри, унапредувајќи го физичкото здравје на учениците. ам/дма/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан