• среда, 18 декември 2024

Европол: Уапсени 13 членови на криминална мрежа

Европол: Уапсени 13 членови на криминална мрежа
Хаг, 2 октомври 2020 (МИА) – Француско-белгиската полиција, поддржана од Европол, оваа недела откри голема криминална мрежа вмешана во шверцување мигранти, трговија со луѓе, вклучувајќи малолетни лица, присилно питачење, измама за социјална помош и фалсификување документи. Се проценува дека оваа организирана криминална мрежа, која била активна веќе неколку години, заработила околу пет милиони евра, објави Европол. За време на координираната акција, белгиски локални полиции и француската национална полиција извршиле рации на седум локации и заплениле фалсификувани документи, вклучувајќи лични карти, пасоши и фалсификувани изводи за венчани, за родени и брак, мобилни уреди, златен накит и докази за трансфер на пари. Француските власти ги уапсиле 13-те лица во регионите на Париз и Лион, вклучувајќи ги и организаторите на мрежата. јт/

Остани поврзан