• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Европол: Во Шпанија се уапсени 42 осомничени за трговија со канабис и хероин

Европол: Во Шпанија се уапсени 42 осомничени за трговија со канабис и хероин

Хаг, 25 јуни 2024 (МИА) - Во Шпанија, во заедничка акција на полициските сили од Франција, Шпанија и Турција, уапсени се 42 лица осомничени за шверц на големо количество канабис низ Западна Европа, како и за трговија со хероин во ЕУ.

Во акцијата е уапсен и водачот на бандата, кој со лажен идентитет бил во Шпанија, соопшти Европол.

Дополнително, извршени се 28 претреси на повеќе локации во Гранада, Малага и Севиља, како во резиденцијални обејкти, така и во објекти за производство на дрога. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан