• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Евролига ја казни Црвена ѕвезда поради руска кореографија на мечот со Жалгирис (видео)

Евролига ја казни Црвена ѕвезда поради руска кореографија на мечот со Жалгирис (видео)

Барселона, 6 март 2025 (МИА) – Српскиот кошаркарски клуб Црвена ѕвезда е казнет со 10 илјади евра поради проруската акција на навивачите на тимот на мечот со литвански Жалгирис во Евролигата. 

Натпреварот се одигра на 27 февруари. Навивачите на српскиот тим ја пееја руската песната „Катјуша“, на разгласот се пуштаа руски песни, а беа истакнати и руски знамиња.

Натпреварот го доби Жалгирис со 86:80.

Инаку, навивачите на Црвена ѕвезда, Делије се збратимени со навивачите на ЦСКА Москва. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан