• четврток, 18 април 2024

Еврејските доселеници изградија верско училиште во евакуирана населба на Западниот Брег

Еврејските доселеници изградија верско училиште во евакуирана населба на Западниот Брег

Ерусалим, 29 мај 2023 (МИА) - Еврејски доселеници на окупираниот Западен Брег денеска објавија дека на таа територија изградиле верско училиште во дива населба.

Училиштето е изградено во населбата Хомеш откако Владата на Израел ја укина забраната за населување во некои евакуирани области на северот на Западниот Брег.

Хомеш е една од четирите диви населби кои беа евакуирани во 2005 година како дел од повлекувањето на израелската армија и евакуацијата на еврејските доселеници од другата палестинска територија на Појасот Газа.

Во март оваа година, ултрадесничарската израелска влада го поништи актот од 2005 година за евакуација и забрана за влез на Израелци во тие области.

Организациите кои се противат на населувањето во окупираните територии предупредија дека таквите потези ги поткопуваат надежите за воспоставување поврзана, независна палестинска држава.

САД, најблискиот сојузник на Израел, исто така, изразија загриженост.

Членовите на владата ја пофалија изградбата на училиштето, а министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој исто така е еврејски доселеник, го нарече „возбудлив историски момент“.

Училиштето во Хомеш е изградено во време на зголемено насилство меѓу Израел и Палестинците на Западниот Брег, главно на северот на таа територија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан