• петок, 20 декември 2024

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет
Манчестер, 19 октомври 2021 (МИА) - На аеродромот во англискиот град Манчестер во тек е евакуација, откако бил пријавен сомнителен пакет, изјави портпарол на аеродромот. - По добиена дојава за сомнителен пакет, беше извршена контролирана евакуација на вториот терминал согласно стандардната процедура. Ние сме во близок контакт со полицијата во Манчестер, која е одговорна за реакција при вакви инциденти, истакна портпаролот. Истовремено, аеродромот не соопштува за можни одложувања или откажувања на летовите од вториот терминал. Според веб страницата на аеродромот, се уште нема измени во распоредот на летови. гт/

Остани поврзан