• недела, 26 јули 2026

„Д виспер мен“, нов психолошки трилер со Роберт де Ниро

„Д виспер мен“, нов психолошки трилер со Роберт де Ниро

Вашингтон, 15 јули 2026 (МИА) - „Д виспер мен“ („The Whisper Man“), нов психолошки трилер со Роберт де Ниро во главната улога. Филмот е базиран на истоимениот бестселер на Алекс Норт. Трилерот се најде на листата на Њујорк тајмс.

Приказната е за вдовец и писател на криминалистички романи кој се соочува со најголемиот кошмар на секој родител поради киднапирање на синот. Во очајнички обид да го пронајде, тој е принуден да побара помош од својот отуѓен татко, пензиониран полициски детектив. Нивната истрага наскоро открива вознемирувачка поврзаност со серискиот убиец познат како „Д виспер мен“, осуден пред неколку децении.

Филмот е во режија на Џејмс Ешкрофт. Сценариото го потпишуваат Бен Џејкоби и Чејс Палмер. Главните улоги, покрај Де Ниро, ги толкуваат Мишел Монаган и Адам Скот. Филмот е во продукција на АГБО.

„Д виспер мен“, се очекува да стане еден од најголемите трилери на Нетфликс за 2026 година, нудејќи приказна исполнета со неизвесност, мрачни тајни и психолошки пресврти што ќе ги држат гледачите во неизвесност до самиот крај.

Премиерата на филмот е на 28 август на Нетфликс. мв/ми/

Фото: Јутјуб - принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа