• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дурмиши се сретна со катарската министерка за меѓународна соработка Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад

Дурмиши се сретна со катарската министерка за меѓународна соработка Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Политичките односи меѓу двете земји кои се засноваат на меѓусебно почитување и пријателство со фокус на продлабочување на соработката и презентација на нашите туристичките места, беа тема на разговор на денешната средба во Доха меѓу министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и државната министерка за меѓународна соработка на Катар, Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад.

- Подготвени сме да им го понудиме сиот нашиот потенцијал на странските инвеститори, со цел развој на државата и отворање на нови работни места, рекол министерот Дурмиши на средбата.

Како што соопшти Министерството за економија и труд, министерот Дурмиши истакнал дека трговската размена меѓу двете земји низ годините бележи извонреден раст, при што и се заблагодарил на министерката за покажаната волја и интерес. вј/бак/

Фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан