ДУИ: Честитки по повод решавањето на проблемот со дипломите на Медресата „Иса бег“
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 9 април 2024
Вицепремиерот Артан Груби, придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и заменик министерот за одбрана, Тирон Јајага, денеска ја посетија Исламската верска заедница и се сретнаа со Реис ул улема на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, Афз. Шаќир Еф. Фетаи.
Груби и Шаќири, пренесувајќи ја честитката за светиот месец на постот Рамазан и во пресрет на празникот Фитр-Бајрам, на поглаварот на ИВЗ му го предадоа решението дека медресата „Иса бег“ во Скопје се здоби со официјална верификација.
По 40 години од формирањето, владиниот кабинет стави крај на проблемот со верификацијата и признавањето на дипломите од завршувањето на образованието во оваа медресa и сите ученици кои ќе завршат образование во оваа медресa се рамноправни со другите.
Членовите на владиниот кабинет од редовите на ДУИ во овој мандат испишуваат историја со големи дела, за граѓаните, за доброто и иднината на државата.
ДУИ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото ДУИ