• петок, 05 декември 2025

ДУИ со забелешка на унапредувањата во Министерството за култура

ДУИ со забелешка на унапредувањата во Министерството за култура

Скопје, 24 мај 2025

Во последната одлука за 12 унапредувања во ова министерство, само една позиција му е доделена на Албанец , и тоа на ниско ниво.

Овој биланс јасно укажува на свесна политика за маргинализација на културното претставување на Албанците во Република Северна Македонија.

Веќе повеќе од една година, не е реализирано ниту едно ново вработување во културните институции што ги водат Албанци.

Културните ансамбли се пред целосно згаснување, уметниците се на маргините, а институциите без живот, без инвестиции и без визија.

Музичкиот ансамбл е оставен како симболичен реликт – без поддршка и без перспектива.

Одговорноста за оваа состојба не е само на Министерството, туку и на остатоците од Влен во Владата, кои не успеаја да ги заштитат културните интереси на Албанците и ја прифатија улогата на тивка фасада пред оваа институционална дискриминација.

ДУИ апелира до јавноста, уметниците, интелектуалците и сите релевантни фактори да ни се приклучат во реакцијата против оваа организирана маргинализација.

Не може да има функционална и демократска држава ако еден дел од населението е исклучен од културниот и институционален простор.

Културата е идентитет. Нејзиното бришење е напад врз соживотот и еднаквоста.

ДУИ ќе го покрене ова прашање на сите институционални и меѓународни нивоа за да го сопре овој намерен удар врз културното наследство на Албанците.

Демократска унија за интеграција

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан