ДУИ: Одговорност за етничката дискриминација при унапредувањата во СВР Тетово
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 8 јуни 2025
ДУИ изразува длабока загриженост во врска со информациите што се појавија во јавноста за најновите вработувања и унапредувања во рамките на Секторот за внатрешни работи во Тетово, односно во Одделението за криминалистичка полиција. Според достапните податоци, од последниот интерен конкурс се унапредени 12 вработени од македонска етничка припадност и само 1 Албанец, што претставува флагрантен и дискриминаторски дисбаланс во етничката застапеност.
Неприфатливо е во една државна институција во срцето на регион со мнозинско албанско население, Албанците да бидат толку драстично исклучени од можностите за професионално напредување и правична застапеност во институциите. Особено загрижувачки е тоа што овие одлуки се донесени спротивно на духот на Охридскиот рамковен договор и принципите на етничка еднаквост загарантирани со закон.
ДУИ итно бара:
• Да се преиспитаат сите одлуки донесени на овој конкурс од страна на Министерството за внатрешни работи;
• Да се обезбеди целосна транспарентност за постапката на селекција и применетите критериуми;
• Да се гарантира правична и еднаква застапеност на Албанците во безбедносните институции, согласно Уставот и законите.
Воедно, ги повикуваме институционалните раководители во СВР Тетово веднаш да дадат објаснување за овие одлуки и да појаснат кој реално ги носи одлуките во овој сектор – официјалните раководители или недекларирани фигури кои дејствуваат зад сцената.
ДУИ нема да остане рамнодушна кон ваквите дискриминаторски практики кои го загрозуваат општествениот кохезион и граѓанската еднаквост. Ќе бараме институционална и политичка одговорност за секое прекршување на правата на Албанците во Република Северна Македонија.
ДУИ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.