• вторник, 17 декември 2024

Дудуш: Поради хировите на Данела цела општина Шуто Оризари тоне во смет

Дудуш: Поради хировите на Данела цела општина Шуто Оризари тоне во смет

 

Скопје, 16 декември 2024  

Одмаздата на Данела кон граѓаните на општина Шуто Оризари е веќе несразмерно нечовечка особено во време кога Скопје е најзагаден град во светот! 

Поради мировниот протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред нејзината канцеларија одмазничките фантазии на Данела од ден на ден се се поалармантни на терен.

Еве го резултатот на забраната која ја даде Данела во Шуто Оризари да не се собира ниту една ќеса од домашниот смет. 

Општина Шуто Оризари и граѓаните на општина Шуто Оризари и даваат рок на Данела од 48 часа за собирање на сметот од домаќинствата и контејнерите, во спротивно после 48 часа истиот ќе и биде однесен со механизација пред нејзината канцеларија.

Курто Дудуш градоначалник на општина Шуто Оризари

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото принт скрин Општина Шуто Оризари

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан