• сабота, 21 декември 2024

ДС: Се злоупотребува легализацијата на производство на канабис за медицински цели

ДС: Се злоупотребува легализацијата на производство на канабис за медицински цели

4 март 2024

Демократскиот сојуз предлага да се забрани наркобизнисот во Македонија.

Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот.

Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.

Досега се откриени над 10 „кражби“ на марихуана, обиди за нелегална продажба на  канабис итн.

Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации.

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал.

Во овој „бизнис“се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба.

Демократски сојуз

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Демократски сојуз

Остани поврзан