• четврток, 19 декември 2024

ДС: Наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори

ДС: Наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори

Скопје, 2 јули 2023 

Силната партизација на правосудниот систем во целина, службите за безбедност и другите институции задолжени за  борба против криминалот, како и администрацијата, само ги зајакна перформансите на командното општество.

Во суштина партиите на власт СДСМ И ДУИ, односно лидерите на овие две партии Ковачевски и Ахмети одлучуваат за сѐ, затоа имаме колапс на државата и државните институции, целосна криминализација и отсуство на каква било одговорност и неселективна борба против криминалот.

Уставот, но и повеќе системски закони, само ја зајакнаа партократијата во државата, не функционира имунолошкиот систем бидејќи е партизиран и секогаш се чека команда од лидерите на владеачките партии кои се „најпаметните“ при што резултатот е законите да не важат подеднакво за сите, а уште помалку да се воспостави систем на владеење на правото.

За седум години не е спроведена ниту една реформа, само најави, манипулации, меѓусебни напади и популизам.

Повиците на меѓународната заедница вклучително и на САД, само го амортизираат гневот и незадоволството на граѓаните, но власта не трепнува, таа критиката ја смета за поддршка.

Криминалот го загрозува опстанокот на државата, но нема независни институции кои ќе ја почнат таа борба.

Затоа, наместо пребројување за уставни промени ни треба исчекор и 61 пратеник за самораспуштање на Парламентот и демократски избори.

Да не губиме време, да го направиме тоа.

Демократски сојуз

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Демократски сојуз

Остани поврзан