• понеделник, 23 декември 2024

Дру Баримор ја обожава сопругата на својот поранешен сопруг

Дру Баримор ја обожава сопругата на својот поранешен сопруг
Лос Анџелес, 29 септември 2021 (МИА) - Американската глумица Дру Баримор вели дека ја обожава новата сопруга на нејзиниот поранешен сопруг Вил Копелман - Александра „Ели“ Михлер. - Таа знае дека апсолутно ја обожавам земјата по која оди и јас сум нејзиниот најголем обожавател. Имам само чувство дека добив на лото со неа. Верувам дека ова е вистинско чудо!, истакна Баримор во интернет-емисијата на Дакс Шепард. Михлер и уметничкиот консултант Копелман се венчаа кон крајот на август, во клубот „Санкати хед“ на плажа покрај море во Нантакет, Масачусетс, САД. - Вечераме со децата, заедно славиме родендени... Планираме заедно да одиме и на егзотично патување. Вил и јас повторно ги откриваме нашите нови патишта, полека и на прекрасен начин, со почит, вели Баримор. Таа и Копелман имаат две ќерки: Олив (9) и Френки (7). И двете беа деверици на венчавката на нивниот татко. си/гт/

Остани поврзан