• петок, 19 јули 2024

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ вечер гостува во Гевгелија

Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ вечер гостува во Гевгелија

Гевгелија, 15 декември 2023 (МИА) - Во Народен театар - Гевгелија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, вечер ќе гостуваат македонски писатели - членови на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ - Битола, кои ќе зборуваат за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација.

Претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ е Зоран Пејковски, а ова писателска асоцијација е здружение во кое на доброволна основа се здружуваат и членуваат писателите заради остварување на своите професионални, авторски и други заеднички и индивидуални права и интереси, како и за унапредување и афирмирање на литературното творештво во Битола.

„Битолски книжевен круг“ од 2001 година двапати годишно го објавува списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, а ја организира и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“. Издавач е и на повеќе поединечни изданија на книги од сите жанрови. рт/вг/

Фото: Организатор

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан