• понеделник, 23 декември 2024

Државните претпријатија заштедиле осум отсто струја, ЈП Водостопанство со поголема потрошувачка од претходната година

Државните претпријатија заштедиле осум отсто струја, ЈП Водостопанство со поголема потрошувачка од претходната година
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) -  Претпријатијата во државна сопственост минатиот месец заштедиле осум отсто струја во споредба со септември лани, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со анализата што ја презентираше Бектеши, опфатени биле вкупно 17 државни компании. Притоа, само кај ЈП Водостопанство – Македонија се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија отколу во септември минатата година. -Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија - едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство - Македонија, информира Бектеши. Министерот на прес-конференција во Владата претходно соопшти дека државните институции во септември реализирале вкупна заштеда на струја од 20 отсто. -Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши.вј/мч/

Остани поврзан