• понеделник, 23 декември 2024

Државниот инспекторат за труд од 10 до 15 јули извршил 331 инспекциски надзор

Државниот инспекторат за труд од 10 до 15 јули извршил 331 инспекциски надзор

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) - Вкупно 331 инспекциски надзор извршиле државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа во периодот од 10 до 15 јули, стои во објавениот извештај од Државниот инспекторат за труд.  

Од нив, 188 инспекциски надзори од кои 33 редовни и 155 вонредни надзори, кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето.  

- Исто така беа извршени 46 други вонредни инспекциски надзори и тоа: 42 по известувања за несреќи на работа од кои 1 повреда со смртни последици во Скопје, 2 по претставка од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации, 2 по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и слично, се појаснува соопштението од Државниот инспекторат за труд.

Се посочува дека и за утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени се вкупно 97 решенија со наредба или забрана.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени се 97 контролни инспекциски надзори. 

-Во овој извештаен период издадени се вкупно 2 платни налози со вкупно изречена глоба од 3800 евра во денарска противвредност. 1(Еден) платен налог издаден  во висина од 3000 евра во денарска противвредност,  за неизвестување на органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за повреда на работа, еден платен налог издаден во висина од 800 евра во денарска противвредност за неизвестување на органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за повреда на работа, велат од ДИТ.

Поднесена е и една прекршочна пријава до Основен Суд Скопје 1 и две  кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје за непревземени мерки за безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот при изведување на градежни работи  и комунални работи за случени несреќи при работа со смртни последици. вдј /цр

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан