Државната министерка за Европа на германската покраина Хесен во посета на земјава
- Државна министерка за Европа на покраината Хесен, Сојузна Република Германија, Луција Путрих денеска ќе престојува во посета на земјава.
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Државна министерка за Европа на покраината Хесен, Сојузна Република Германија, Луција Путрих денеска ќе престојува во посета на земјава.
Како што соопшти собраниската прес-служба, таа ќе се сретне со членовите на Комисијата за европски прашања.
Путрих ќе оствари средба и со членовите на пратеничката група за соработка со германскиот Бундестаг. нд/са/
Фото: ЕПА